Словенија се обидува да го спаси туризмот со ваучери од 200 евра за секој полнолетен граѓанин

- Advertisement -

Словенија најави дека секој полнолетен граѓанин треба да добие 200 евра ваучер за користење на услугите на словенските туристички понуди, што е вкупно околу 300 милиони евра. Ваучерите кои бесплатно им се делат на граѓаните се начин да се помогне на туризмот во регионот, кој е најпогодениот сектор од пандемијата на корона вирусот.

Некои земји во регионот како што е Србија веќе ги поделија првите ваучери, кои ги имаше и лани, поддржувајќи го закрепнувањето на туризмот преку потрошувачката на домашните гости. Ова е финансиски прилично тешка мерка, но голем дел од тие пари би се вратиле во државната каса, ако не поинаку, преку даноци. Ваучерите во Словенија не се замислени како надомест за дел од платата наменет за годишен одмор.

Сподели!
- Advertisement -