Научници направија нано роботи кои можат брзо и ефикасно да го лекуваат ракот

- Advertisement -

Научниците со години бараат ефикасен лек за ракот, но најчесто лекувањето бара комбинација од хемотерапија и зрачење, кои ги уништуваат и болните и здравите клетки во телото.

Меѓутоа, тоа би можело да се смени во иднина. Група научници направија минијатурни нано роботи кои се направени така што во телото се однесуваат како бели крвни клетки и го напаѓаат ракот директно во телото, без оштетување ма другите клетки.

- Advertisement -

Нашата визија е да ја создадеме идната генерација уреди за минимално инвазивна дистрибуција на лекови, кои би можеле да допрат дури до длабоките ткива во телото“, изјавија научниците од невладината и непрофитна германска асоцијација Max Planck Society при претставувањето на роботите.

Нано роботите изгледаат како мали топчиња, одозгора се обложени со никел и злато и со лек против рак, а опремени се со посебни биомолекули кои им овозможуваат да идентификуваат различни видови клетки. Кога нано роботот ќе препознае заболена клетка, едноставно ќе го испушти лекот кој го носи во себе.

- Advertisement -

Користејќи посебни магнетни полиња нано роботите можат да се движат низ крвните жили, што инаку би било голем предизвик поради силниот крвоток. Иако ова откритие дава голема надеж, ќе помине доста време додека почнат да се применуваат нано роботите во болниците низ светот.

Имено, иако научниците докажаа дека нано роботите функционираат во лабораториски услови, мора да смислат начин за да ги следат додека патуваат низ телото и што ќе се случува со нив кога ќе ја исполнат својата задача. Дури потоа ќе можат да почнат со клинички тестирања на луѓе.

Сподели!
- Advertisement -