Овој електричен скутер вози само на соларна енергија

- Advertisement -

BICAR е електричен скутер со три тркала, кој има нула емисија на гасови и е одличен за возење по град. Возилото има уникатен и неконвенционален дизајн со едно задно и две предни тркала. Сепак, скутерот е максимално стабилен благодарение на иновативниот механизам и истовремено го штити возачот од надворешните елементи.

BICAR ги инкорпорира основните особини на велосипедите, скутерите и автомобилите во еден еколошки трицикл. Според производителите, BICAR е првото ечектрично возило во светот кое вози само на соларна енергија. Таа негова особина гарантира независност од извор на енергија и значи дека можете да го полните кога сакате и каде сакате.

- Advertisement -

Апликацијата за телефон на BICAR нуди неколку опции: геолоцирање на станици за менување батерии, правење резервација во станиците, заклучување и отклучување на велосипедот, табла со информации и алатки за навигација во текот на возењето. Апликацијата има одличен интерфејс и можете да бидете сигурни дека нема да имате проблем со користењето.

Three-wheeled Electric Scooter with Solar Panels

Electric vehicle that can be operated only with solar power.More info: https://bit.ly/2LKaMsw

Posted by Startup Selfie on Недела, 17 мај 2020
Сподели!
- Advertisement -