Израелци креираа заштитна маска со отвор за јадење

- Advertisement -

Израелски експерти развија маска за заштита од корона вирусот на која со далечински управувач се отвора отвор кој овозможува јадење храна без тргање на маската од лицето. Овој изум би можел да им помогне на рестораните и другите усгостителски објекти да го зголемат бројот на гости и да го намалат ризикот од ширење на вирусот.

Со притискање на дел налик на рачка, слично на кочниците на велосипедите, на предниот дел од маската се отвора отвор за јадење. Маската по механички пат се отвора рачно или автоматски се отвора кога ќе и се доближи прибор за јадење, велат од компанијата Avtipus Patent & Inventions.

- Advertisement -

Кога ќе ја извлечете виљушката или лажицата од устата, маската повторно ќе се затвори и ќе продолжи да го штити корисникот од можна зараза. Компанијата планира да почне со производство за неколку месеци.

(фото: Reuters)

Сподели!
- Advertisement -