21 C
Skopje
среда, јули 15, 2020

Кинеските доктори предупредуваат дека корона вирусот се менува и станува поопасен

Kabtel desktop

Кинески доктори објавија дека забележале дека корона вирусот се менува, што би можело да го отeжне пронаѓањето лек или вакцина за заразната болест. Како што ијзави кинескиот доктор Киу Хаибо, болните кои заболеле од корона вирусот во северните провинции Џилин и Хеилонгџианг во себе имаат поинаков корона вирус и им треба подолго време за да закрепнат.

Докторот истакна дека инкубацијата трае подолго отколку кај пациентите во Вухан, па затоа е и потешко да се идентифкуваат заразените пред да се развие болеста. Подолгиот период на инкубација, во текот на кој пациентите не покажуваат симптоми, придонесува за ширење на заразата, напоменува доктор Киу.

Проблемот е тоа што уште целосно не разбираат како се менува вирусот, а новите информации од Кина може да помогнат да се добие борбата против корона вирусот. Затоа научниците од целиот свет се обидуваат да утврдат точно како мутира вирусот и дали тоа значи дека станува поопасен како што се шири.

Киу исто така вели дека докторите забележале дека новозаболените имаат проблеми со белите дробови, додека пациентите во Вухан често имале затајување на неколку органи. Иако се уште утврдуваат како дошло до заразата во северните делови од Кина, Киу и неговите колеги веруваат дека вирусот од таа провинција не дошол од Вухан, туку преку Русија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •