Астронаутите на Месечината ќе прават цемент со помош на урина

- Advertisement -

Астронаутите во иднина би можеле на Месечината да прават цемент со помош на прашина и урина/ Хемичарката Ана-Лена Кјониксен и нејзините колеги успеале да направат цемент од уреа, состојка на урината, која ја помешале со имитација од лунарното тло.

Кога ќе дојде време луѓто да поминуваат подогл период на Месечината и на другите планети, со себе ќе можат да понесат само основни предмети затоа што транспортот на материјали од Земјата е многу скап. Американската вселенска љагенција НАСА проценува дека транспортот на секои 500 грама товар чини 10.000 долари.

- Advertisement -

Поради тоа, клучно е да се потпираат на локални ресурси зада се намалат трошоците. Истражувачите тврдат дека лунарното тло може да се користи за правење бетон или цемент, но тоа значи трошење многу вода, која на Месечината ја нема, а тешко е да се транспортира од Земјата во вселената.

Со додавање на хемијалија наречена суперпластификатор во цементната мешавина се намалува потребната количина на вода. Тоа спречува распаѓање на смесата и таа останува доволно флексибилна за користење на 3Д принтер. Меѓутоа , најголем дел од суперпластификаторите се органски соединенија кои ги има во мала количина на Месечината.

- Advertisement -

Но, Кјониксен нашла решение. „Размислував што имаме на Месечината ако испратиме луѓе таму. Сфатив дека човечкиот отпад може да се употреби за нешто корисно“ изјави Кјониксен. Таа претходно користела уреа за правење помалку вискозни пластични мешавини. Уреата ги прекинува врските меѓу молекулите и овозможува молекулите многу полесно да поминуваат една покрај друга. Иако никогаш не слушнала некој да ја користи уреата за правење цемент, сепак одлучила да проба.

Правот од сликиконскио диоксид и алуминиум-оксидот се наоѓаат во лунарната прашина, а токму тој прав е главната состојка на цементот за кој зборува Кјониксен. Неговиот хемиски состав е сличен на пепелот, кој е главнатаа компоненнта на цементните мешавини на Земјата, но со поголем зрна.

- Advertisement -

Тимот од истражувачи го помешал тој прав со уреата добиена од хемиска компанија, односно недестилирана од вистинска уреина, со вода за да се добие цемент. Во споредба со два други суперпластификатори кои се користат во градежништвото на Земјата, уреата функционира одлично.

Смесата го задржува обликот под лесна тежина и може да издржи промени на температурата. Извлекувањето на цементот низ цевки и поставување во неколку сслоеви еден над друг со помош на 3Д принтер резултирало со изградба на мал стабилен ѕид.

Кјониксен планира да го тестира цементот во екстремни температури, како и во вакуум комори за да се симулираат условите на Месечината. Следниот чекор би бил изградба на ѕид со пореална големина, а таа има намера и да истражи дали астронаутите ќе мора да ја прочистуваат урината или директно да ја користат за цемент, пишува ScienceNews.

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -