Хрватската агенција Human прогласена за најдобра интернет страница во светот

- Advertisement -

Хрватската агенција Human ја освои наградата за најдобра веб страница во светот според шест главни критериуми на академијата на меѓународното доделување награди за надобри интернет достигнувања во 2019 година Webby Awards.

Human ја осви главната награда за изработка на веб страница на натпревар на кој учествувале над 13.000 кандидати од 70 земји од светот. Меѓу финалистите во разни категории беа и HBO, NASA, Spotify, Saturday Night Live, Google и други. Со двојната победа (гласови од жирито и од публиката) Human покажа дека за победа не е пресудно од каде си, туку креативната идеја и квалитетот на изведбата.

- Advertisement -

Од моментот кога ја стартувавме страницата добиваме позитивни коментари, но шлаг на тортата е да се прими толку големо светско признанние. Тоа е дополнителна потрвда дека сме завршиле одлична работа, особено ако погледнеме кој беше наша конкуренција и со какви ресурси располагаат тие“ изјави Вања Берталан, извршен директор на Human.

Поради вонредните околности, годинашното доделување на наградите се одржа онлајн, а меѓу добитниците се наоѓаат и Nike, Spotify, National Geographic, Washington Post, HBO, Condé Nast, како и поединци кои академијата ги награди за нивната минатогодишна дигитална активност како што се Том Хенкс, Џими Фалон, Селин Дион, Лил Нас X, Грета Тунберг и многу други.

- Advertisement -

Webby Awards се смета за една од најпрестижните дигитални награди од основањето во 1996 година.

Сподели!
- Advertisement -