Вашиот дом е местото каде што има најголема веројатноста да се заразите од корона вирус

- Advertisement -

Вашиот дом е местото каде што е најголема веројатноста да се заразите од корона вирус, предупредува еден експерт. Тоа е така затоа што кога некој ќе дојде кај вас дома и ви го донесе вирусот, тој останува во воздухот подолго отколку кога би бил надвор, објаснува професорот по биологија на Универзитетот Масачусетс, Ерин Бромаж.

Поради честиот контакт меѓу членовите на семејството, голема е веројатноста за ширење на заразата. Тоалетите се место каде што е највисок ризикот за заразување, вели Бромаж, затоа што таму има многу површини кои ги допираме сите како што се дршките на вратите, чешмата, мијалникот.

- Advertisement -

КОВИД-19 се шири и во простории каде што семејствата поминуваат доста време заедно како дневните соби. Само со едно издишување во воздухот се испуштаат од 50 до 50.000 капки плунка кои го содржат вирусот. Од нив најголем дел веднаш паѓаат на подот. Со едно кивање, пак, се испуштаат околу 30.000 капки со брзина од околу 320 км/ч. Тоа е доволна брзина за капките лесно да преминат од еден на друг крај на собата.

Повеќе од 3 милијарди луѓе во светот изминатиот период беа во карантин. Како што се намалуваат рестриктивните мерки, што ќе преземеме за да останеме безбедни?

Your home is the place one expert thinks you're most likely to catch coronavirus

Statistically, this is where you're most likely to catch coronavirus. 📕 Read more: https://buff.ly/3cXIR4j

Posted by World Economic Forum on Понеделник, 25 мај 2020
Сподели!
- Advertisement -