Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 8,50 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 18.05.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3,00 ден/лит и ќе изнесува 57,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 денари за литар и со тоа малопродажните цени ќе изнесуваат: 59,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 37,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 ден/кг и ќе изнесува 23,427 ден/кг.
Од 27.05.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 57,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 59,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 37,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 23,427 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.05.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Трета недела по ред во просек како продолжува трендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи. Цената на бензинот се зголеми во просек за околу 23,66%, а кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 16,74 %. Цената на екстра лесното масло порасна во просек за околу 20,86%, додека кај мазутот се регистрира зголемување во просек за околу 19,69%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,602 %.
Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.