Скопската зоолошка градина од утре повторно ќе биде отворена за посетителите, но под одредени услови кои ги наложуваат препораките за превенција на новиот коронавирус.
Зоолошката градина ќе биде отворена од 9 часот, a посетителите при влез ќе треба да носат маска или марама. Ред ќе се чека на обележана дистанца од 1,5 м метар. Потоа, строго е забрането хранење и доближување до животните, а отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Покрај ова, не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта и низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители.
„Бројот на посетители ќе биде ограничен, за да во одреден момент не се создава поголема гужва низ градината. Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките“, велат од ЗОО Скопје.