Кина во јули испраќа две мисии на Марс

- Advertisement -

Кинеската вселенска програма не оди напред, таа се чини брза пред други. Кина објави дека во јули годинава планираат да испратат две мисии на Марс – една во облик на орбитална сонда и другата во облик на ровер кој ќе ја истражува површината на Црвената планета.

Летните месеци се оптимални за испраќање мисии на Марс затоа што тогаш треба да се помине најкраток пат до Црвената планета. Што се однесува на Кина, испраќањето ровер на Марс за нив ќе биде прв пат да се обидат нешто такво на таа планета, а досега успешно имаат испратени ровер на Месечината.

- Advertisement -

Со ова Кина се повеќе и конкурира на вселенската програма на НАСА, која е најиуспешната вселенска програма со веќе четири успешни ровер мисии на Марс и петтата која е во план за февруари 2021 година.

Петтиот ровер на НАСА на Марс, Perseverance, ќе се обиде да донесе примероци од тлото на Марс назад на Земјата, а ако успее во тоа, ова ќе биде првото успешно лансирање од површината на Марс. Роверот Perseverance ќе има и дрон кој ќе ја набљудува површината од воздух, а роверот ќе послужи и како мобилна базна станица за дронот.

- Advertisement -

Кина, пак, има големи планови за проширување на своите вселенски истражувања, вклучувајќи и развој и лансирање на орбитална истражувачка платформа, односно нивна сопствена вселенска станица над Земјата во 2022 година. Кина неодамна тестираше и вселенско летало кое во иднина треба да се користи за испраќање на мисиите со астронаути на површината на Месечината.

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -