Google Chrome наскоро ќе нуди опција за видеоконференција директно од веб пребарувачот

- Advertisement -

Последните неколку месеци апликации за видеоповици и видеоконференции доживеаја вистински бум. Некои непознати апликации одеднаш станаа неопходна алатка за работа, но и за одржување на контакти со други луѓе. Но, од Google одлучја на корисниците да им овозможат друга алтернатива – повикување директно од веб пребарувачот. Така, најавија дека Google Chrome ќе поддржува директен разговор со дури 12 луѓе истовремено и тоа благодарение на интеграцијата со Google Duo.

Имено, апликацјата Google Duo веќе подолго време нуси опција за групни повици, ноо и за директни повици преку интернет пребарувач. За остварување групен повик во пребарувачот Chrome ќе треба да се пријавите на Duo for Web со својот телефонски број или со Gmail сметка. Моментално се уште може да се воспоставуваат видеоповици само меѓу корисници, но како што велат од Google, во текот на идните неколку недели ќе бидат достапни за сите луѓе.

Сподели!
- Advertisement -