Вебинар на Американската амбасада: Како да се бориме против дезинформациите за пандемијата?

- Advertisement -

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје организира вебинар на тема „Како да се бориме против дезинформациите за време на актуелната пандемија со помош на визуелизацијата на податоци“.

Говорник ќе биде д-р Џоел Селаникио, лекар, консултант, јавен предавач, пронаоѓач и доцент на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон. Предавањето ќе се одржи во четврток, 28 мај, со почеток во 18 часот. Регистрацијата за настанот е задолжителна и може да се комплетира на следниот ЛИНК.

- Advertisement -

Предавањето е дел од специјалната американска програма за предавања во Македонија, финансирана од одделот за јавни работи на Американската амбасада и имплементирана од страна на Меѓународниот центар Меридијан од 2017 година. Програмата се реализира со цел поврзување на американските експерти со македонската јавност и создавање на мостови за соработка помеѓу професионалците и институциите од САД и Македонија.

Сподели!
- Advertisement -