Италија може да изгуби до 2 милијарди евра од продажбата на вино поради корона вирусот

- Advertisement -

Чекајќи го рестартирањето на светот после корона кризата и надевајќи се на повторно враќање на потрошувачката во Италија и во остатокот од светот, Mediobanca Study Area објави истражување за италијанската и интернационалната винска индустрија. Во истражувањето се анализирани економските перформанси на 215 најголеми италијански корпорации со профит поголем од 20 милиони евра во 2018 година и 14 интернационални компании со профит поголем од 150 милиони евра пред и после корона кризата.

63,5% од компаниите очекуваат пад на продажбата во 2020 година. Според Светската трговска организација, падот во Хорека секторот на глобално ниво е 15%-30% како последица на корона вирусот. Ова е полоша ситуација отколку после финансиската криза во 2009 година, кога 60,6% од винските компании забележале пад на продажбата.

- Advertisement -

Исто така, има разлика во прогнозите за различните видови вина. Производителите на шампањ очекуваат помала загуба отколку производителите на другите вина – 55,5% од производителите на шампањ очекуваат намалени приходи. Тие бројки главно се должат на сезонскито карактер на шампањот, чијља продажба значително расте особено за празниците на крајот на годината.

Генерално, се очекува дека извозот на италијанско вино во 2020 година ќе се намали за 700 милиони до 1,4 милијарди евра, прогнозира Светската трговска организација. Што се однесува на приходите, се оечкува пад од околу 2 милијарди евра како резултат на намалената домашна интернационална потрошувачка. Тоа е пад од околу 20%-25% во споредба со 2019 година.

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -