Лондон создаде огромни зони во градот каде што не се дозволени автомобили

- Advertisement -

Како можете да ги одвикнете луѓето да не користат јавен транспорт , да практикуваат социјално дистанцирање и да не возат автомобили? Така што ќе создадете улици наменети само за пешаци и велосипеди. После некои американски градови, и британската престолнина зазеде сличен став.

Минтата недела градоначалникот на Лондон Садик Кан, најави една од најголемите иницијативи за формирање градски зони каде што е забрането движење на автомобили. Неколку главни улици во градот ќе бидат резервирани само за велосипеди, пешаци и некои автобуски линии. Оваа мрежа од улици може и да се прошири.

- Advertisement -

Кан изјави дека пандемијата на корона вирусот е најголемиот предизвик низ историјата со кој се соочила јавната транспортна мрежа во Лондон. Според него, потребни ќе бидат максимални напори од сите Лондончани за да се оддржува безбедно социјално дистанцирање во јавниот превоз после олабавувањето на рестриктивните мерки.

Надлежните се надеваат дека милиони патувања со средствата за јавен превоз ќе бидат заменети со одење пеш или возење велосипед. За уште повеќе да се обесхрабрат возачите на автомобили Лондон воведува и построги казни за сите кои ќе предизвикаат сообраќаен метеж во најпрометните зони во текот на работните денови од неделата.

- Advertisement -

(фото: PublicDomainPictures)

Сподели!
- Advertisement -