Huawei и China Mobile поставија антени за 5G мрежа на Монт Еверест на 6.500 метри висина. Во поставувањето на антените учествувале 100 работници и биле користени вкупноосум тони опрема, а покриеноста со сигналот е овозможена и на самиот врв, каде што брзината на интернетот е 1 GB/s.
Антените се поставени од страната на Тибет на висина од 5.300 и 5.800 метри, а потоа и на висина од 6.500 метри.
„Поради тешките и непредвидливи услови, поставувањето на антените беше особено голем предизвик. Условите во кои се подготвуваме и ги поставувавме базните станици за 5G мрежата беа многу тешки, а во поставувањето учествуваа 40 шерпаси и 60 работници на Huawei. Се надеваме дкеа на овој начин Монт Еверест ќе го приближиме до многу научници, истражувачи и заљубеници во природата, а Huawei уште еднаш покажа дека цврсто верува во технологијата која може овој свет да го направи уште подобро место“ изјавија од Huawei.
Отсега натаму сите кои се качуваат на Монт Еверест од кинеска страна ќе можат да емитуваат видео во живо и ова неверојатно искуство ќе го приближат до луѓето од целиот свет, додаваат од кинескиот гигант. Исто така, вестите за нови освојувања на врвот нема да мора да чекаат со недели додека се вратат алпинистите туку ќе може да се следат во живо во висока резолуција.
(фото: Freepik)