Светска банка: 55 илјади луѓе во Македонија може да западнат во сиромаштија

- Advertisement -

Намалени плати и пониски дознаки како резултат на епидемијата со корона вирусот во земјава ќе ја зголемат сиромаштијата на нивото од пред 2017 па дури и од пред 2015 година зависно од времетраењето на кризата, се вели во дополнителниот извештај на Светска банка за Западен Балкан.

Симулациите предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17% во 2019 до околу 20-23% во 2020 година и од 55.000 до над 130.000 граѓани на Северна Македонија (во зависност од тоа дали кризата ќе трае еден или два квартали) би западнале во сиромаштија“, се вели во извештајот на Светска банка.

- Advertisement -

Пред пандемијата, сиромаштијата меѓу работниците во најпогодените сектори беше само 4 проценти, но оваа стапка се проценува да достигне околу 8 и 15%. Исто така, повеќе од 75% од оние што веројатно ќе паднат во сиромаштија сега не се oпфатени со ниедна програма за социјална заштита. Најголемото годишно зголемување на бројот на невработени досега во 2020 година е забележано во Албанија, зголемување за 25% и Македонија, за 11%.

Делумно ова претставува одраз на формализирањето на неформалните работници кои се пријавуваат за да добијат пристап до здравствено осигурување и други надоместоци“, тврди Светската банка.

Сподели!
- Advertisement -