Овој парк во Сан Франциско на навистина иновативен начин им помага на посетителите да го одржат безбедното социјално дистанцирање додека уживаат во природата и се релаксираат.
Имено, Долорес Парк нацрта бели кругови кои еден од друг се оддалечени 2,4 метри со цел луѓето да можат безбедно да излезат надвор и да уживаат во панорамата на Сан Франциско.
После повеќемесечниот карантин, ова иновативно решение на паркот е одличен начин да се охрабрат луѓето да излезат од безбедноста на сопствените домови. Посетителите велат дека овие кругови им помагаат да не чувствуваат толкава анксиозност кога излегуваат надвор.
Домино Паркот во Њујорк го направи истото. Од паркот велат дека луѓето уште веднаш почнале да ги користат круговите. Кога сме на отворено има многу помал ризик од пренесување на корона вирусот, иако капките кои се исфрлаат при кивање или кашлање можат да патуваат по неколку метри.
(фото: Yahoo News)