Google развива жица осетлива на допир за своите слушалки и паметни звучници

- Advertisement -

Ако некогаш сте користеле безжични слушалки, знаете дека со некои од нив може да се управува со гестови и допир. Но, кога слушалките се мали тоа не е едноставно да се направи. Токму затоа Google разви жица осетлива на допир. Поточно, реагира на надразнување и тие сигнали ги претвора во контроли како јавување на телефон, зголемување на волуменот на звукот, прескокнувае песни и сл.

Жицата е обвитката со е-ткаенина, па така реагира на допир, стискање, виткањ, па дури и поминување со прстите по неа. Секој гест има поинакво значење и резултира со други акции. Освен тоа, низ неа е провлечено оптичко влакно кое менува бои во зависност од гестот кој го користите.

- Advertisement -

Допирот и стискање на жицата активира шест електроди, кои овозможуваат следење на движењата, појаснуваат од Google додаваат дека жицата „чувствува“ на кој дел ја допира корисникот, колку долго и со која сила. Иако уште е во фаза на прототип, Google е на добар пат затоа што во текот на тестирањата жицата „препознала“ гестови во 94% од случаите.

Жицата осетлива на допир би можела да се користи за паметни слушалки, паметни звучници, но и како дел од паметна облека.

- Advertisement -

(фото: Google)

Сподели!
- Advertisement -