Овој уред целосно ги дезинфицира авионите и може безбедно да исчисти 54 седишта за само една минута. Ова е првиот уред во светот со ултравиолетова светлина кој е дизајниран специјално за авиони и го олеснува рутинското чистење на авионите, кое воопшто не е лесен процес.
Се вика Germfalcon, а го произведува компанијата Dimer UVC. Уредот користи ултравиолетова светлина за да изврши дезинфекција и да ги убие бактериите и вирусите. Ултравиолетовата светлина која ја користи е со бранова должина од 254nm и ефикасно отстранува вируси како корона вирус, ебола, инфлуенца и други патогени кои предизвикуваат познати болести.
Germfalcon е целосно автоматизиран. Неговите „крила“ се специјално дизајнирани да се издолжуваат од просторот меѓу редовите седишта до крајните седишта кај прозорците.