26 C
Skopje
петок, јули 10, 2020

Промоција на колибарењето, био пчеларење и користење на комиње како адитив се најдобрите „Зелени бизнис идеи“

Kabtel desktop

Организацијата АРНО и годинава ги прогласи најдобрите национални „Зелени бизнис идеи“, кои ќе продолжат да се натпреваруваат и на регионалнио ниво. Иако пандемијата на коронавирусот ги измени околностите, тоа не спречи на натпреварот да се пријават 32 учесници, од кои 15 влегоа во финале, пренесе Радио МОФ.

Победник во категоријата „Зелени идеи“ е Друштвото за производство, трговија услуги „Вајз груп“ ДОЕЛ Скопје, кои се претставија со идејата за преработка на комињето кое се создава при производство на вино, во адитив корисен за производи од прехранбената индустрија. Според Софија Дацева, со нивната идеја даваат вредност на комињето кое иако е здраво и има корисни состојки, тоа најчесто завршува како отпад, неискористено. Па затоа, тие развиле модел на цируларна економија со кои тоа ќе се обидат да го сменат.

Тие добија ваучер за консултантски услуги, 2.000 долари од АРНО, членство во Стопанската комора на северозападна Македонија, како и ваучер за учество на меѓународен натпревар или обука.

Други победници во оваа категорија се Здружението Јадра на група на пчелари од брегалничкиот регин „Меден исток“. Оттаму се обрати Ванчо Кировски, кој објасни дека нивната идеја е нова и слабо практикувана во соседството и домашните пчелари, а која нуди еко пристап во пчеларењето. За возврат, рече тој, купувачите добиваат квалитетен мед. Тие добија ваучер за консултантски услуги, 2.000 долари од АРНО и членство во Стопанската комора на северозападна Македонија

Победник во категорија зелени концепти е Душица Крстевска со нејзината идеја за заштита на феноменот колибарење во Македонија и промовирање на традиционални малешевски специјалитети. Со изумирање на сточниот фонд, колибите стануваат само напуштени куќарки кои се распаѓаат се повеќе, вели таа. Затоа, нејзината идеја ќе поттикне, колибите да станат место каде туристи би дошле и би преноќувале. Таа освои ваучер за консултантски услуги и ваучер од 1.500 долари од АРНО.

Ирина Јаневска, основачка на АРНО, смета дека натпреварот постојано расте и дека во изминативе 6 години успеале да согледаат какви промени се случуваат, од грешките и искуствата. Таа вели дека со натпреварот се дава фокус на тоа што е важно и е потребно да се инвестира.

Натпреварот „Зелени идеи“ траеше два дена, а од жирито изјавија дека изборот бил тежок. Негови членови беа Маја Коистра, национален програм менаџер од Европската банка за обнова и развој, Дрилон Исени, извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Влатко Алексовски од УНДП, Робертина Брајановска од Македонско еколошко друштво, Габриела Мицевска од Програмата за зголемување на пазарна вработливост финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементирана во Македонија од Паладиум Интернационал, како и Влатко Данилов од Македонска мрежа на евалуатори и Бранислав Марковски од Фонд за иновации и техолошки развој.

Националните победници продолжуваат на регионалниот натпревар каде годинава се борат за награда од 5.000 или 10.000 долари за да ја имплементраат нивната бизнис идеја.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •