Отсекогаш сте сакале да одите во Мексико? Сега е вистинскиот момент да ги искористите попустите поради корона вирусот

- Advertisement -


Пандемијата на корона вирусот беше тежок удар за целиот свет, а тоа го вклучува и туризмот. Државите полека ги отвораат границите додека се ушпте се на сила дел од мерките за социјално дистанцирање, а некои туристички локации нудат неверојатни попусти за барем делумно да го оживеат туризмот.

Така, мексиканскиот град Канкун одлучи да понуди досега невидени поволности за да ги привлече гостите. Ова живописно место е неостварен сон за многумина поради високите цени, но годинава некому можеби и ќе му се оствари сонот да го посети.

- Advertisement -

Оваа туристичка дестинација е позната по своите фантастични плажи, кои обично се преполни со туристи. Мексико ќе го стартува туризмот на 8 јуни, а од 15 јуни натаму ќе има специјални понуди во рамките на приатната иницијатива на 200 бизниси.

Имено, хотелите ќе нудат две бесплатни ноќевања на секои две букирани ноќи, а кога двајца ќе букираат соба, престојот за две деца ќе биде бесплатен. Исто така, кога туристите ќе изнајмат автомобили на два дена, наредните два дена ќе бидат бесплатни.

- Advertisement -

И Јапонија соопшти дека ќе нуди несекојдневни понуди со цел да привлече туристи. Тие планираат да ги субвенционираат летовите дотаму. Нешто слични планира и Сицилија. Слична понуда на Канкун, пак, ќе има во Пуерто Морелос, Тулум и на карипскиот остров Иса Мухерес.

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -