Австралиски научници направија OLED екрани од човечка коса

- Advertisement -

На технологијата и се потребни што повеќе обновливи ресурси, па затоа истражувачи од Универзитетот за Технологија од Квинсленд, САД решија да искористат еден необичен ресурс за производство на OLED екрани. Тие успеаја да направа дисплеи од отпадна човечка коса од берберници и фризерници.

Најголем дек од човечката коса која се шиша завршува во отпад. Затоа, истражувачите од универзитетот одлучија да го собираат тој отпаден материјал и да го инкопорираат во електронски уреди.

- Advertisement -

Косата е добар извор на јаглерод и азот, кој е корисен за производство на честички кои емитуваат светлина. Косата се процесира и се согорува на 240 °C, а како резултат се добива материјал кој содржи и јаглерод и азот. Тимот потоа го претвора тој материјал во карбонски наноточки со големина од 10 нанометри.

Наноточките се дизперзирани низ полимер, каде што формираат она што научниците го нарекуваат наноострови. Тие групации може да се користат за правење активна обвивка кај OLED уредите.

- Advertisement -

Кога на нив ќе се примени мала волтажа, тие наноточки светат сино. Таа светлина не е многу силна, но треба да биде корисна за помали дисплеи, како што се некои преносни гаџети, велат научниците. Исто така, може да се користат и како мал извор на светлина на знаци или во паметни алки, како и во медицински уреди поради нетоксичноста на материјалот.

Од австралискиот тим велат дека во иднина можеби ќе користат животински влакна од салони за миленици, како и волна од овци.

- Advertisement -

(фото: Pikrepo)

Сподели!
- Advertisement -