Лабораторијата за телекомуникации (Laboratory for Telecommunications – LTFE) и Лабораторија за мултимедија (LMMFE) од Факултетoт за електротехника во Љубљана, Словенија бара истражувач кој ќе ќе работи на дигитализација и паметна дигитална трансформација на руралните и урбаните области. Во рамките на домашни и интернационални проекти постојниот тим истражува и развива разни решенија за решавање на реалните проблеми во општествата.
Тие решенија се во рамките на Интернет на нештата (ang. Internet of Things), паметна специјализација, концепт на паметни села и паметни градови, биг дата, одржлив развој итн. Тоа се области на работа кои имаат огромен потенцијал и нудат многу можности за истражувачка работа (исто така, во рамките на докторски студии, ако е во ваш интерес) и за решавање на реални предизвици во пракса.
Што се бара?
Личност која има афинитети и искуство со истражувачка работа, пишување научни и професионални трудови и работа на проекти за истражување и развој. Ако кандидатот е заинтересиран за работа на апликации за добивање средства за проекти на европски повици, тоа ќе се сметаме за плус.
Нашите очекувања се:
- Афинитет на полето на ИКТ и познавања на концептите: дигитализација, дигитална трансформација, дигитални вештини, Интернет на нештата, паметни села, паметни градови, одржлив развој;
- Добри познавање на англискиот јазик (пишана и говорна форма);
- Образование на полето на техничките науки е предност;
- Најмалку завршени магистерски студии (има можност за комбинирање на докторски студии со оваа работна позиција);
- Способност за работа во тим – ќе бидете дел од интердисциплинарен тим, ќе соработувате со разни партнери од индустријата, владини институции, граѓански иницијативи и други институции за истражување и развој;
- Проактивност и фокус на изнаоѓање решенија;
- Прецизност и стабилност;
- Добро снаоѓање во мултикултурна средина (учество на интернационални проекти). Да не се проблем повремените патувања (моментално само во Словенија, подоцна и во рамките на ЕУ);
- Да поседувате превозно средство или барем возачка дозвола;
Што се нуди?
Работа во млад и интердисциплинарен тим. Нудиме работна позиција со полно работно време, пробниот период трае 3 месеци. Нашите проекти се конектирани и меѓусебно поврзани, па затоа бараме кандидати кои се заинтересирани за долгорочна соработка.
Одлични можности за стекнување нови знаења и можности за континуиран личен и професионален развој (исто така во рамките на докторски студии). Работната позиција е делумно поврзана со тековни проекти, но ќе имате и доволно слобода за сопствени истражувања и идеи за проекти во соработка со вашиот ментор и другите членови на тимот.
Работната позиција нуди голем потенцијал за придонес во решавањето на проблемите од реалниот свет со помош на дигитална технологија.
Работната средина е динамична, нуди многу можности за работа во интернационална средина (во моментот само на далечина), а во иднина се надеваме на повеќе можности за патување низ Словенија и во ЕУ.
Листа на референци: https://ltfe.org/en/references/, http://blog.ltfe.org/, http://www.maker.si/index_en.php
Ве повикуваме да не контактирате на delo@ltfe.org до 12 јуни 2020 година со кратка биографија и краток опис на тоа како вие го разбирате концептот на дигитализацијата за одржлив рурален развој (на англиски јазик, максимум 1.000 карактери). Би сакале и да прочитаме ваши написи, извештаи и слично (по можност на англиски јазик).
Потребни вештини:
- дигитална трансформација
- истражување
- одржлив развој
- писмена комуникација
- пишување написи
- информатичка технологија
- инженеринг
- паметни градови
- рурален развој
- менаџирање со проекти
Ниво на образование:
Мастер студии
Детали за работната позиција:
Ранг на позиција
– почетнички
Индустрија
– високо образование, информатичка технологија и услуги, фармерство
Тип на вработување
- одредено време, полно работно време
Работни функции
– истражување, аналитика, информатичка технологија