Најнова препорака од СЗО за носење маска за лице на јавен простор

- Advertisement -

Светската здравствена организација ги ажурираше своите насоки во борбата против Ковид-19 и сега препорачува дека секој треба да носи маска за лице на јавен простор „каде постои ризикот од пренесување“. СЗО ги прошири своите упатства за да им препорача на владите од сите да бараат да носат маски за лице на јавни места каде постои ризик од пренесување на коронавирусот „Ковид-19“ за да помогне во намалувањето на ширењето на пандемската болест.

Во своето ново упатство, поткрепено од доказите од студиите спроведени во последните неколку недели, СЗО истакна дека маските за лице се само една од низата алатки што можат да го намалат ризикот од пренесување на вируси и не треба да даваат лажно чувство за заштита.

- Advertisement -

Со оглед на новите докази, СЗО советува владите да ја охрабрат општата јавност да носи маски таму каде што има широко распространето пренесување и физичкото дистанцирање е тешко, како на пример за јавен превоз, во продавници или во други ограничени или преполни средини“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус,.

Нашето упатство објаснува и како безбедно да се користи маската. Луѓето можат потенцијално да се заразат ако користат валкани раце за да ја прилагодат маската или постојано да ја вадат и да ја ставаат“.

- Advertisement -

Фото: Pexels.com

Сподели!
- Advertisement -