Илон Маск на Twitter повика да се сопре монополот на Amazon

- Advertisement -

Илон Маск е познат по својата активност на Twitter, која во неколку наврати го доведе во неволја. Но, во последните свои твитови тој се нафрли на својот конкурент во вселенската трка. Во одговор на еден твит на шефот на Amazon, Џеф Безос, Маск ја изнесе целата своја огорченост.

„Ова е лудо! Време е за разбивање на Amazon. Монополот е лош!“ напиша Маск.

- Advertisement -

Што го поттикнало Маск на таков твит не е познато, но ова не е прв пат да обвинува и да повикува некого на некаква акција без детални објаснувања. Знаеме дека Маск реагираше на обвиненијата на писателот Алекс Беренсон кој се пожали на односот на Amazon кон неговата книга која сакал да ја објави на платформата Кindle на Amazon.

Беренсон е поранешен репортер на Њујорк Тајмс, кој веќе издаде книга за опасностите од користење на марихуана, која е прогласена за грешка. Новата книга на Беренсон се однесува критички кон американските мерки кои се преземени за да се спречи пандемијата на КОВИД-19. Откако првично Amazon одби да му ја објави книгата, после притисоците од луѓето ја сменија одлуката. Можеби и коментарот на Маск има улога во тоа.

Сподели!
- Advertisement -