Ако работите една од овие 10 работи, веројатно ќе бидете самци на 40 години

- Advertisement -

Луѓето се почесто знаат да бидат работохоличари. На некои работата им е толку важна што заради успех и кариера ставаат се друго во втор план, вклучително и љубовта. Всушност, да се остане што подолго сам и да се стапи во брак подоцна веќе е вообичаен тренд во денешно време.

Да се виде финаниски независен, да се изгради успешна кариера и да се создаде силна мрежа на пријатели и соработници се само некои од работите на кои може да се фокусирате ако не сте во врска. Тоа не значи дека овие работи се недостижни за луѓето кои имаат партнери.

- Advertisement -

Сепак, помислата дека некои луѓе долго остануваат сами не тера на помислата – што всушност работат тие? Ви ја преставуваме листата, која ја подготви Fast Company, на најчести работни места кои ја работат самци на 40-годишна возраст.

Келнери – 74%
Керамичар – 73%
Туристички водич – 65%
Продавачи на резерви делови – 64%
Лична нега – 63%
Стјуардеси – 61%
Ветеринарен асистент – 61%
Работник во пошта – 60%
Производители на храна – 60%

Што е причината?

Изгледна дека многу од овие професии се во индустрии со најголем промет. Можно објаснување за тоа би можело да биде дека работниците се толку концентрирани на својата работа и се трудат својата кариера да ја направат што постабилна што не можат да влошат посериозна врска во својот личен распоред. Некои од овие работи вклучуваат и деловни пативања, па луѓето сметаат дека е подобро соло патување отколку во пар. Исто така, дел од наведените професии се доста профитабилни, па работниците работат подолго, што исто така ја намалува можноста да стапат во посериозни врски.

- Advertisement -

Главни раководители, стоматолози и други високо-платени работи обично имаат ниска стапка на разводи и во тие области има помалку самци.
Студијата на истражувачкиот центар Pew покажа дека на жените кај потенцијалниот партнер им е најважно да има стабилна работа. Но, со оглед на тоа дека процентот на вработени мажи опадна во последните децении, тоа станува помалку веројатно. Анализирајќи ги податоците од базата на вработени во САД во периодот 2012-2016, биле прегледани сите списоци на работници со полно работно време, постари од 40 години. Било направено рангирање на нивните професии според процентот на работници кои се самци. Потоа истражувањето е поделено на мажи и жени и е направена пресметка кои се најпопуларни работни места за 40-годишници.

Работни места со кои имате најмалку шанси да бидете сами во 40-те се:

– Продажен агент
– Свештеник
– Стоматолог
– Биомедицински/земјоделски инженер
– Оптометрист
– Менаџмент инженер
– Директор во образование
– Пилот
– Машински инженер

Сподели!
- Advertisement -