Бислимовски: Со постојани инвестиции стабилен енергетски сектор и во пандемија

- Advertisement -

Отпорноста на енергетскиот пазар во време на пандемија, хармонизирањето на европската регулатива со законите од земјите членки на Енергетската заедница, интеграцијата на енергетските пазари на големо, се дел од темите на кои се дискутираше на 45. состанок на Одборот на регулатори на енергетската заедница (ECRB) со кој претседаваше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

За земјите од регионот е од стратешки интерес да продолжат да го усогласуваат домашното со европското законодавство со цел енергетските пазари да се развиваат по исти правила во насока на создавање на единствен пазар на енергија во Европа и да може координирано да одговори во вонредна состојба како пандемијата, порача Бислимовски, кој од минатата година е избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница.

- Advertisement -

„Освен што сме соочени со здравствена криза, укажа тој, таа се рефлектира подеднакво силно и во економска смисла. Па така секој сегмент, како и енергетиката, во овој период беше исправен пред предизвикот да одговори на менаџирање на енергетските системите во вонредна состојба и да обезбеди сигурна и стабилна испорака на електрична и топлинска енергија, но и гас и нафта. Сите ние се соочивме со затворени граници, граѓаните се изолираа во сопствените домови, големите компании и фабрики привремено се затворија – ова се одрази со пад потрошувачката на електрична енергија, гас и нафта.

Производството на електрична енергија се оптимизираше во согласност со побарувачката на електрична енергија. Паралелно складиштата се преполнија со нафта – дел од производителите практично во еден период ја даваат нафта по симболични цени за да се ослободат – затоа што затворањето на платформите, не беше сценарио во игра од причина што рестартирањето ќе значеше трошоци кои ќе ги загрозеа големите нафтени компании. Во состојба на постојано производство кое иако беше прилагодено, сепак беше поголемо од потребното затоа што одеднаш потрошувачка драстично се намали, а тоа пак влијаеше цените на енергенсите стрмоглаво да одат надоле. Гигантите се бореа за опстанок, за зачувување на работните места. Мора да признаеме една крајно динамична и неочекувана состојба во која енергетските компании мораа од минута во минута да носат одлуки и да се реорганизираат прецизно добро за да не се наруши системот на работа, во случај да имаат вработен заболен од ковид 19“, рече Бислимовски.

- Advertisement -

Соред него, за да има координиран и системски одговор неопходно е да се продолжи со усогласување на законите за да можат сите земји организирано да реагираат затоа што енергетските системи не се сами за себе, туку се врзани садови.

„Враќањето во нормала и рестартирањето на животот воопшто од денешен аспект е прилично комплексно и полно со неизвесност. Мојата земја прогласи вонредна состојба, прва во историјата што трае сеуште. Како Регулаторно тело издадовме веднаш препорака до компаниите да не ги исклучуваат потрошувачите поради неплатени сметки за потрошена електрична енергија, вода и парно. На погодените од здравствената криза кои останаа без работа направивме механизам за сметките од месеците март, април и мај да ги плаќаат на рати без камата. Компаниите го приспособија работењето по насоките на здравствените власти и се организираа во групи каде што има производство, но и екипи за дефекти.. услугите за корисниците ги дигитализира. Во моментов посредуваме во израмнување на сметки за овие месеци кај оние граѓани кои не се во можност самостојно да ги прочитаат броилата. Практично оваа вонредна состојба значи правење на тимови од компании, институции и потрошувачи за ново нормално функционирање“, рече Бислимоски.

- Advertisement -

Регулаторите од сите земји членки на Енергетската заедница: Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина се дел од Одбор на регулатори на енергетската заедница, чие функционирање е на три столба: координирани регулаторни позиции за енергетската политика, усогласување на регулаторните правила преку границите и споделување на регулаторно знаење и искуство.

Во декември 2019 година, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски беше едногласно избран за претседател на Одборот на регулатори на енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB). 

Сподели!
- Advertisement -