Угостителите бараат отворање на авто-камповите, плажите и рестораните за свадби

- Advertisement -

Состојбите во туристичко – угостителскиот сектор, мерките кои Министерството за економија и Владата ги превзема за справување со кризата предизвикана од Ковид-19, како и проблемите со кои се соочува овој сектор, беа теми на кои денеска разговараа министерот за економија Крешник Бектеши, претставници на туристичко-угостителскиот сектор и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Претставниците од туристичко-угостителскиот сектор потенцирале дека во моментов е неопходно да се донесат протоколи за работа на хотелите, за што Министерството за економија ќе ги достави препораките од Европската комисија до Комисијата за заразни болести за носење на истите.

- Advertisement -

Tуристичко-угостителскиот сектор бара отворање на авто-камповите, плажите, како и рестораните за свадби и игротеките и носење на протокол за работа на истите. Министерот Бектеши на состанокот упатил порака до туристичко-угостителскиот сектор дека мерките кои Министерството за економија и Владата ги донесоа за помош на најпогодените сектори ќе продолжат да се реализираат се додека трае кризата.

Министерот Бектеши, како што соопшти Министерството за економија, ги информирал претставниците на туристичко-угостителските комори за реализацијата на донесените мерки за поддршка на секторот. Од почетокот на здравствено економската криза за поддршка на туристичко-угстителскиот сектор на предлог на Министерството за економија се донесени уредби, меѓу кои се Уредба со законска сила за издавање на ваучери за туристичките агенции, Уредба за продолжување на рокот на решението за категоризација на угостителски објекти за време на траење на вонредната состојба, Уредба со законска сила за продолжување на рокот на траење на лиценцата за угостителските објекти кабаре, диско клуб и ноќен бар и Уредбата со законска сила за издавање на ваучери од 6.000 денари за работници со ниски приходи и платежна картичка од 3.000 денари за домашен туризам.

- Advertisement -

На работниот состанок министерот Бектеши информирал дека подготвена е и Програмата за субвенција за кофинансирање на конференции и настани во висина од 50 отсто, а најмногу до 30.000 денари, како и Уредбата со која се олеснуваат условите за категоризација на угостителските објекти за сместување кај физички лица.

Фото – wikipedia.org

Сподели!
- Advertisement -