Консалтинг Интер Груп прославува деветти роденден!

- Advertisement -

До успехот се стигнува со јасна цел и посветена работа. Зад секој успех се крие знаењето и искуството на челните луѓе кои ја водат компанијата, како и високо мотивирани вработени кои заеднички имаат визија да ја издигнат компанијата на високо ниво.

Зад уникатноста и препознатливоста на брендот на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП се кријат иновативните предизвици кои предводени од претприемачкиот дух, како и потребите за развој на компаниите, ги прерасна во комплетен правен сервис.

- Advertisement -

Консултантска компанија специјализирана за деловно и корпоративно право, со докажана експертиза во правен и економски консалтинг, деновиве го прославува својот 9 роденден.

Компанијата постојано работи на проширување на своите капацитети во делот за раст и развој на компаниите, советување и правна поддршка, со ставен акцент на пристапот до финансии, интелектуална сопственост, изработка на бизнис планови и правен и економски due diligence.

- Advertisement -

Како активни чинители во правната проблематика, професионалниот пристап во работењето и брзите и практични решенија кои ги нудат со минимална вклученост на клиентите, низ годините стана нивни заштитен знак.

Консултантската компанија КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е акредитиран финансиски фасилитатор кој работи во делот како до полесен пристап до финансии, за разој на деловниот еко систем, базата на клиенти и соработници значително ја прошири и заеднички испишаа безброј успешни приказни.

- Advertisement -

Роденденот и оваа година го одбележуваат во знакот на хуманоста. Нивната хумана мисија “Подаруваме од срце” уште еднаш ја докажаа со континуираната соработка со Црвениот крст, како и со поддршка на повеќе Јавни Здравствени Установи. Со целосна поддршка се приклучија во Добротворниот Дипломатски Концерт “Слушни ме со своето срце” кој е наменет за “Родителска куќа” чии деца се наоѓаат во Универзитетската клинина за детски болести, како и во Фондот за жени жртви на семејно насилство.

Високо етаблирана компанија, со значителни резултати во своето работење, која низ годините воведе еден поинаков иновативен начин на работа по теркот на светските консултантски компании, ги подигна стандардите на консултантската дејност во нашата држава, како и нивната борба за важноста при користење на консултантите за деловен напредок на компаниите, продолжува да работи тимски, посветено и истрајно, прилагодувајќи се на новите услови кои ги донесе моменталната ситуација.

Од компанијата ќе кажат:  “Во овие денови е важно да си подадеме рака. Секој хуман гест нека биде поттик за останатите, бидејќи задоволството му припаѓа на оној што дарува!”

Сподели!
- Advertisement -