Нов Зеланд објави дека повеќе нема корона вирус во земјата и дека ќе ги тргнат речиси сите рестрикции воведени поради корона вирусот. Социјалното дистанцирање сега ќе биде доброволно. Рестораните, продавниците и другите бизниси може повторно да се отворат, луѓето можат да се вратат на работа и на училиште, јавниот транспорт функционира нормално и нема ограничување на групирањето на луѓето.
После седум недели рестрикции и карантин, бројот на луѓе заболени од вирусот во земјата се сведе на само 1.500, од кои 22 починати. Во моментот нема активни случаи на болни од корона вирусот и Нов Зеланд може да почне повторно да ја гради својата оштетена економија.
Рестрикциите остануваат само на граничните премини, каде што сите луѓе коишто влегуваат во земјата ќе бидат тестирани за КОВИД-19. Премиерката Јасинда Ардерна изјави дека танцувала кога ја дознала новоста, но предупреди дека вирусот и понатаму останува опасна закана за остатокот од светот.
На глобално ниво има повеќе од 7 милиони потврдени случаи на корона вирус.