Српска компанија направи тест за корона вирус кој може да го предвиди развојот на болеста

- Advertisement -

Малку е познато дека и Србија има свој тест за корона вирусот, кој неколку месеци откако почна пандемијата го развиј нишката компанија Neo Medica. Нивниот тест веќе се користи во Велика Британија, Швајцарија, Грција, Романија и во некои земји од Блискиот Исток. И тоа не само за да го утврди присуството на вирусот, туку и да за се предвиди развојот на болеста. По тоа нишкиот тест засега е единствен во овој дел од Европа, тврдат од Neo Мedica.

Ова е првиот српски серолошки тест со кој преку крвта се анализира и присуството на IGA фракциите на антителата, во споредба со нашироко познатите IGM и IGG фракции, на основа на кои се утврдува дали има инфекција или веќе е прележана. Во тоа е, всушност, неговата посебност.

- Advertisement -

„IGA факцијата на антителата има својства за прогнозирање, односно на основа на резултатите добиени со тие тестови може да се предвиди и текот на болеста“ велат oд Neo Medica.

Тестот Naisa Sars-Cov2 настанал така што го унапредиле златниот стандард во испитувањето на вирусите – Елиса методата, која веќе ја користеле за тестирање на присуство на други, познати вируси.

- Advertisement -

„Фракцијата IGA е таа која има прогнозирачки својства. И во случај кога ќе детектираме кај некој пациент дека IGA антителата се појавиле во првите денови после добивањето на симптомите, кога титарот им е понизок значи ги има помалку. Тогаш најчесто предвидуваме дека ќе зе развие блага клиничка слика. Во спротивно, кога одложено се јавуваат и во поголема количина, симптомите се значително посериозни“ велат од Neo Medica.

На сето тоа му претходела германска студија која ја потврдува целата таа метода. А тие самите тврдат дека прецизноста на тестот е многу поголема во однос на веќе познатите тестови кои се во широка употреба. На развојот на системот Naisa се разботело повеќе од четири години, додека тестот за корона вирусот се развивал од март.

- Advertisement -

„Кога се појави КОВИД-19, бевме подготвени. Тоа за нас е само еден од вирусите. За околу половина час се добиваат резултатите, а прецизноста е речиси 100%“ велат од Neo Medica.

Засега тестот се користи само во Белград и во Нови Сад.

(N1)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -