Ако имате ваква дијагноза, имате двапати поголеми шанси да умрете од корона вирус

- Advertisement -


Опасноста од смртниот исход за хоспитализираните заболени од КОВИД-19 двапати е поголема од хипертоничарите, покажува студија објавена во петок, а со тоа на пациентите им се советува да продолжат да земаат лекарства за повисок крвен притисок.

„Битно е пациентите кои патат од повисок крвен притисок да сфатат дека се во групата луѓе со поголем ризик за смрт од корона вирус“ изјави еден од водителите на студијата, примариус Феи Ли, кардиолог во болницата Шиџинг во Шиан.

- Advertisement -

Ризикот е уште поголем кај пациентите кои престанале да ја земаат терапијата ако се примени во болница поради корона вирус во однос на оние кои продолжиле да земаат антихипертензиви односно лекови за покачен крвен притисок, се вели во студијата објавена во медицинското списание European Heart Journal.

Во таа сеопфатна студија кинески и ирски научници ретроактивно анализирале податоци од речиси 2.900 пациенти хоспитализирани од 2 февруари до 15 март во болницата Хуо Шен Шан во Вухан. Речиси 30% од хоспитализираните луѓе (околу 850 пациенти) имале покачен крвен притисок. Од нив 4% умреле од корона вирус, во споредба со 1,1 починати од луѓето кои не боледувале од хипертензија.

- Advertisement -

После анализата на податоците во однос на возраста, полот и здравстцвената состојба, научниците заклучиле дека ризикот за смртен исход од КОВИД-19 кај хипертоничарите е двапати поголем во однос на другите луѓе. Другата анализа, која вклучувала податоци од болницата и од три други студии, покажала дека пациентите кои примале лекови што делуваат преку ренин-ангиотензин-алдостеронскиот систем (хормонски систем кој е вклучен во регулацијата на плазматската концентрација на натриум и артерискиот крвен притисок) биле изложени на помала опасност од смрт.

Авторите во заклучокот истакнуваат дека овие студии се само опсервациски и не се базираат на клинички испитувања, па потребни се други истражувања за да се дадат конечни препораки.

- Advertisement -

(Poslovni Dnevnik)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -