Првото 3Д бионичко око во светот на луѓето ќе им овозможи супер вид и ноќе

- Advertisement -


Човечкото око е сложен орган, па не е ни чудо што научниците не можат да направат негова совршена копија. Сега истражувачи го претставија првото 3Д бионичко око во светот. Тоа око не само што има многу подобри перформанси од многу други слични уреди, туку функционира подобро и од вистинското.

Бионичките очи се начин на луѓето со проблеми со видот, било да го изгубиле видот или да се родиле слепи, да си го вратат видот. Моментално најнапредните верзии на такви очи се тие на компанитие Bionic Vision Australia и Second Sight, кои веќе беа имплантирани на луѓе.

- Advertisement -

И двата уреди имаат слична основна форма и одат со пар очила со камера во нив. Податоците од нив потоа се процесираат во мал уред надвор од телото и се имплантираат во рожницата. Оттука сигналите се испраќаат до визуелни центри во мозокот. И на некој начин фунцкионираат – корисниците велат дека прв пат после години успеале да видат светлина, но видот со нив не е доволно чист за да живеат нормално.

Но, новото бионичко око е значително подобро од нив. Тим од научници од Универзитетот за наука и технологија од Хонгконг го направија т.н. електрохемиско око (Electrochemical Eye – EC-Eye). Наместо да користат дводимензионален сензор за слика како камера, EC-Eye е направено според вистинската рожница со конкавна форма. На површината има минијатурни сензори кои имаат улога на фоторецептори. Тие сензори се поврзани со жици направени од течен метал и функционираат како оптички нерви.

- Advertisement -

Тимот го тестирал EC-Eye и докажале дека со него може да се гледа релативно чисто. Сепљак, видот со EC-Eye се уште е далеку од природното човечко око. Но, кинеските научници велат дека оваа технологија има потенцијал да го надмине вистинското око и дека на луѓето во иднина ќе им овозможи да ги гледаат и инфрацрвените зраци, односно да гледаат ноќе.

Истражувањето е објавено во весникот Nature.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -