Недостигот од работна сила е проблем кој е присутен во многу земји, а тоа особено се однесува на сезонската берба на овошје и зеленчук. Нема доволно постојани земјоделски работници, па често се вработуваат студенти или пензионери кои сакаат дополнителна заработка. Но, и нив ги има се помалку секоја година.
Таквиот проблем може да има влијание на туристичката и гастрономската понуда, а во однос на туристите ќе останат помалку можности за презентација на земјоделската активност преку преку штандови на кои ги презентираат овошјето и зеленчукот.
Пандемијата која го зафати светот дополнитилно ја влоши ситуацијата со сезонски работници.
На пример, во Велика Британија принцот од Велс апелираше „војска“ од луѓе да помогнат во бербата на овошје и зеленчук, а владата покрена кампања „Pick fro Britain”. Затоа, освен на човековиот фактор се повеќе внимание се посветува на алтернативни решенија, кои се наоѓаат во технологијата.
„Во текот на минатите десет години развувавм епаметни робори способни да се движат по овоштарници, да препознаваат здрави плодови и да ги берат. Токму тој вид на автоматизација би можела да го ублажи недостигот на работна сила и да да помогне пороизводството непречено да продолжи“, изјави за BBC Стив Саундерс, коосновач на компанијата Robotic Plus.
Оваа компанија веќе има развиено еден робот кој се користи во САД, Нов Зеланд и во Европа, а би можел да биде корисен и во земјоделското производство. Нивниот автоматизиран уред за пакување на јаболки користи систем за внимателно земање на јаболките од транспорте, нивно ставање на лента за прегледување и насочување онаа страна на јаболкото со најубава боја да биде свртена нагоре. Овој систем може да пакува 120 јаболки во минута. Но, за да се постигне максимален ефект потребна е автоматизација на целата постапка. Затоа се развиваат и автономни возила кои може да се движат низ овоштарниците и полињата кои користат сензори за мапирање на околината за да се доближат до плодовите без да ги оштетат.
“Таков е компабјнот за киви кој го разви мојот партнер Алистар Скарф за време на докторатот на Универзитетот Маси во Нов Зеланд и докажа дека е можно да се употребат роботи во препознавање на овошјето, негово собирање и ставање на посебно место. Се надеваме дека овој докаѓан концепт ќе се употреби и за друго овошје“, вели Саундерс.
Роботите нема да можат во целост да го заменат човекот, како на пример берење на плодовите кои се скриени зад листовите, но целта е да се автоматизираат дел од работите со пто ќе се намали побарувачката на работници, а ќе се забра работниот процес.