Хратите го направија првиот целосно автономен и самоодржлив електричен брод

- Advertisement -

Ова е брод кој е се само не е обичен. Станува збор за целосно автономен и самооодржлив брод, кој е целосно хрватски производ. Бродот може да превезува до 54 патници, а неговата најважна карактеристика е самоодржливоста. Енергијата за движење ја собира од соларните панели кои се поставени на него, а како и кај другите електрични возила, моторот му е речиси нечуен.

Не испушта апсолутно никакви штетни материи во водата, а користи само електрична енергија. Бродот се вика SolarCat и не е наменет за отворено море, но е идеален за националните паркови и туристичките дестинации. Проектот е дело на компанијата iCat, а е кофинансиран од страна на Европската комисија преку Европскиот фонд за регионален развој.

- Advertisement -

Станува збор за електричен патнички катамаран со интегрирана соларна електрана. Покрај превоз на патници, наменет е за разни социјални активности како што се едукативни и спортски работилници, бизнис состаноци, гастро-енолошки презентации, училишни излети и разни други настани.

(Zimo, HRT)

- Advertisement -

(фото: iCat.hr)

Сподели!
- Advertisement -