Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,98% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 08.06.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари, па новата цена ќе изнесува 59,50 денари. Цените на ЕУРОДИЗЕЛ, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на есктралесното масло за домаќинство се зголемуваат за по 1,00 денар, па од ноќеска на полноќ литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 51,00 денари, ЕУРОСУПЕ БС-98 по 61,50 денари, а еден литар екстралесно масло за домаќинство ќе чини 40,00 денари.

- Advertisement -

РКЕ најави и зголемување на малопродажната цена на мазутот за 0,273 денари за килограм, па од ноќеска на полноќ еден килограм М-1 НС ќе чини 24,886 денари.

(фото: Wallpaperflare)

Сподели!
- Advertisement -