Владата донесе одлука утре да се отворат граничните премини

- Advertisement -

Од утре се отвораат сите гранични премини во Република Северна Македонија, одлучи Владата на денешната седница. Според соопштението на Владата, продолжуваат да важат мерките: приложување валиден негативен ПЦР-тест на граница и самоизолација од 14 дена.

Исто така, останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.

- Advertisement -

Останува и можноста граѓаните кои се во државен карантин и што сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок. Оние граѓани на кои направениот ПЦР тест е негативен, потпишуваат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава.

Сподели!
- Advertisement -