Во Амазон лани се исекле 34% повеќе дрвја

- Advertisement -

Обесшумувањето на дождовните шуми во Амазон ги уназадува напорите кои се прават за ублажување на последиците од климатските промени. Според податоци објавени од бразилската агенција за истражување на вселената INPE, 10.129 квадратни километри шума биле исечени во Амазон во периодот од август 2018 до јули 2019 година.

Овие бројки се сериозна закана по опстанокот на дождовните шуми и живиот свет чиј дом се, особено со оглед на тоа дека бројките се за 34% поголеми отколку претходната година. Иако претседателот на Бразил, Хаир Болсонаро, тврди дека се фокусира на спасување на најголемата дождовна шума во светот, , бројките покажуваат нешто друго – за само една година се исекла шума со површина еднаква на државата Либан.

- Advertisement -

Иако се прават напори за да се контролира сечата во Амазон, бразилската влада не успева да ги оствари своите цели. Новите бројки објавени на 8 јуни 2020 година покажуваат највисоко ниво на обесшумување од 2008 година досега. Новите податоци кои ги објави INPE треба да ја „разбудат“ владата на Бразил и на сите заинтересирани странки кои работат на олеснување на климатските промени.

Дождовните шуми на Aмазон покриваат околу 60% од површината на Бразил и се најголемата дождовна шума на Земјата. Заштитувањето не е битно само за Бразил, туку и за целиот свет. Според податоците на INPE, обесшумувањето продолжило дури и за време на пандемијата на корона вирусот и тоа со уште позасилено темпо – се проценува дека од јануари до април 2020 година биле исечени 55% повеќе дрвја отколку истиот период лани.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: AllPosters)

Сподели!
- Advertisement -