Facebook ќе забрани огласи против вакцинирање

- Advertisement -


Facebook ќе почне да забранува игласи кои луѓето ги одвраќаат од вакцинирање, соопшто социјалната мрежа вчера и исто така најави нова информативна кампања за вакцината против грип. Од компанијата појаснија и дека огласите за закони и против владини политики за вакцини, вклучувајќи ја и вакцината против КОВИД-19 и понатаму ќе бидат дозволени.

Според правилата на Facebook, огласите со неточни информации за вакцини се забранети, но огласите во кои се изравува противење на вакцините беа дозволени доколку не содржат лажни тврдења.

- Advertisement -

Летоска од Facebook изјавија дека компанијата верува оти корисниците смеат да го изразуваат сопственото мислење и дека поагресивната цензура може луѓето кои поддржуваат вакцинирање на крајот да ги турне на друга крајност и тие отворено да почнат да се противат на вакцинирањето.

Facebook почнува со новата политика за огласување од идната недела. Компанијата е под голем притисок на политичарите и здравствените власти во моменти кога се развиваат вакцини против КОВИД-19 да забрани секакви содржини во кои се изразува противење на вакцинирањето.

- Advertisement -

Во интервју за The Guardian во септември извршниот директор на компанијата, Марк Цукерберг, изјави дека нема да ги отстрани објавите на противниците на вакцинирањето иако водечките светски експерти за вирологија се надеваат дека вакцината за КОВИД-19 ќе им биде достапна на граѓаните до крајот на оваа или на почетокот на новата година.

„Ако некој во својата објава тврди дека некоја вакцина е штета и дека се загрижени поради тоа, од моја перспектива, тешко е да се рече дека не смеат да се изразат така. Нашите системи не функционираат на тој начин“ изјави тогаш Цукерберг.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -