Повеќе од една петтина од светската популација ќе заболи од потежок облик на корона вирус

- Advertisement -

Новиот корона вирус, кој во првиот бран од пандемијата уби повеќе од 420.000 луѓе, потешко ги погодува пациентите со значителни коморбидитети, односно други болести.

Група научници од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина анализирале глобални податоци за низа болести како дијабетес, болести на белите дробови, ХИВ итн. за да проценат колку луѓе во светот имаат предиспозиции за развој на потежок облик на КОВИД-19.

- Advertisement -

Тие откриле дека секоја петта личност во светот има најмалку една основна болест која ги доведува во опасност. Иако сите тие нема во случај на зараза да развијат тешки симптоми, научниците предвидуваат дека околу 4% од светската популација, односно 350 милиони луѓе ќе завршат во болница.

Овие резултати би можеле да им помогнат на владите во одредувањето на проритетните случаи за вакцинирање кога ќе се пронајде вакцина за корона вирусот. Британските научници додаваат и дека заклучиле оти постарите луѓе се во поголема опасност од развој на потежок облик на болеста. Имено, помалку од 5% од светската популација кои се помлади од 20 години имаат некој придружен фактор на ризик, во споредба со две третини кои се постари од 70 години.

- Advertisement -

Островските држави како Фиџи и Маврициус, на пример, имаат највисока стапка на дијабетес во светот, кој е познат фактор на ризик за потежок облик на КОВИД-19. Докторите предупредуваат дека особено треба да бидат внимателни земјите со висок процент на заразени од ХИВ. Што се однесува на Европа, се покажало дека 30% од населението веќе боледува од најмалку една болест која може да ја комплицира ситуацијата со корона вирусот.

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -