Instagram ќе го претекне Twitter како префериран извор на вести

- Advertisement -

Според новото истражување на Институтот Ројтерс за состојбата на дигиталните медиуми во светот за 2020 година, Instagram е на чекор да го претекне Twitter како префериран извор на вести, пренесува BBC.

Истражувањето покажало дека повеќе од една третина од вкупниот број на испитаници редовно го користат Instаgram, односно две третини од испитаниците под 25 години. Како извор на вести, Instagram го ползуваат 11% од испитаниците, што е двојно повеќе од 2018 година. Во однос на истиот параметар, Twitter се наоѓа на само еден процентен поен пред Instagram.

- Advertisement -

Instagram стана особено популарен меѓу младите луѓе. Тие навистина добро реагират на приказни кои се кажани едноставно и илустративно со слики“, истакнува Ник Њуман, еден од авторите на истражувањето.

На прво место на листата убедливо се наоѓа Facebook, кој досегнува до 85% од луѓето, од кои околу 36% го користат како извор на вести.

- Advertisement -

Меѓутоа, како што посочува Њуман, „ова не значи дека еден од нив го заменува другиот. Луѓето истовремено може да ги користат и Facebook и Instagram, или Twitter и Instagram“.

Истражувањето посветило доста внимание и на перцепцијата на пандемијата на Ковид-19 на социјалните медиуми. Притоа, само 26% од испитаниците изјавиле дека им веруваат на социјалните медиуми како извор на информации за вирусот. Од друга страна, 59% од испитаниците изјавиле дека им веруваат на информациите од своите национални влади и новинските агенции во однос на пандемијата.

- Advertisement -

Извор – Marketing365.mk

Сподели!
- Advertisement -