Научници создадоа материјал кој еден момент е флексибилен и лесен, а веќе другиот е тврд и издржлив

- Advertisement -

Тим од истражувачи од Институтот за технологија на Калифорнија создаде заштитен материјал кој може по потреба да стахе тврд и така да понуди дополнителна заштита за тој што го носи. Материјалот на прв поглед личи на метален панцир каков што користеле витезите во средниот век, но е многу полесен и поудобен за носење.

Како што потенцираат истражувачите, материјалот лесно се претвора од флудина, еластична ткаенин во цврст облик по притисок. Токму поради тие свои особин потенцијалните можности за примена се неограничени – од користење како паметна ткаенина во егзоскелетидо паметни прилагодливи лепенки за рани кои ќе може да се прилагодуваат на телото како што зарастува раната.

- Advertisement -

„Сакавме да направиме материјал кој по потреба ќе може да ја менува цврстината. Сакавме да направиме ткаенина која од мека и еластична ќе се претвори во крута и цврста“ појасни Киара Дарајо, професорка по механички инженеринг и применета физика на Институтот.

Тие тестирале многу честички за да видат кои нудат и флексибилност и цврстина, објаснува Дарајо и додава дека резултатот од тестирањата е студија која ер објавена во списанието Nature. На крајот се одлучиле за 3Д печатен полимер кој е испечатен во форма на октаедар, кој изгледа какондве пирамиди споени на основата, а меѓусебе се испреплетени за да создадат синџир, а потоа и површина.

- Advertisement -

Материјалот кој настанал како резултат на тоа се покажал исклучително издржлив. Така, тој издржал 50 патаси поголема тежина од неговата без никакви оштетувања. Инаку, истражувањето го финансирала американската војска, па не треба да не изненади ако за некоја година американските војници само распостелат некое платно преку река и потоа по него поминат како преку мост.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -