Утринско кафе со поглед на делата на Тинторето и Веласкез

- Advertisement -

Дали знаевте дека музејот Викторија и Алберт во Лондон чува повеќе од 2.7 милиони предмети? Отприлика ист број на посетители секоја година поминуваат низ вратата на музејот Прадо во Мадрид.

Човекот уште од минатото создавал и се опкружувал себеси со уметност и со предмети чија основна цел е да го разубавуваат животниот простор. Одењето во музеј е само еден од начините на кои, барем за момент, може да се постигне тоа чувство на единство со врвно уметничко дело, кое буди инспирација.

- Advertisement -

Меѓутоа, замислете дека е можно тоа чувство да го доживувате секој ден, од својата дневна соба. Замислете дека пиете утринско кафе гледајќи во ремек-делата на Тинторето, Хиеронимус Бош или Веласкез на сопствениот ѕид. Сега тоа е можно благодарејќи на уметничкиот режим на телевизорот The Frame и соработката со некој од светските музеи и галерии, кои одлучија да одат во чекор со времето и своите дела да ги направат достапни и во дигитален формат.

Како дојде до соработка со Samsung Art продавницата?

- Advertisement -

Amelia Calver, Музеј Викторија и Алберт (понатаму во текстот V&A) – Нашиот музеј креираше специјална V&A колекција за The Frame телевизорите пред две години, во склад со нашиот основен принцип – уметноста да биде достапна, да едуцира, инспирира, како и да биде одраз на иновација и креативност.

Cristina Alovisetti, Музеј Прадо: Samsung и Прадо се партнери долги години, од 2013. Нашата заедничка цел е да ја направиме уметноста достапна на широката јавност со помош на технологијата, креирајќи повеќе можности за луѓе кои сакаат да уживаат во неа во секоја ситуација.

- Advertisement -

Што најмногу ве фасцинира во врска со The Frame телевизорот?

V&A: Музејот Викторија и Алберт е еден од водечките музеи во светот, со повеќе од 2.7 милиони изложбени предмети – од садови и мебел, преку фотографии и дигитален дизајн, до мода и применета уметност, а концептот на The Frame телевизорот веднаш нѐ воодушеви. Начинот на кој е дизајниран, да се вклопи во просторот без грешка и да изгледа подеднакво совршено кога е исклучен и вклучен, е пример за исклучителна генијалност и фантазија.

Во која мера филозофијата на уметноста на Art Store се совпаѓа со онаа која што вие ја негувате во музејот?

Прадо: Музејот Прадо вложува големи напори во ширење на знаењето преку својот веб сајт и преку богатите содржини кои се наоѓаат на истиот. Во момент кога е невозможно во живо да се доживеат уметничките дела, квалитетот на дигиталната слика станува приоритет, бидејќи и најмалите детали можат да обезбедат поинаква перспектива.

Колку е важно уметноста да биде присутна во секојдневниот живот?

V&A: Уметноста и дизајнот дефинитивно станаа неизбежен дел од секој дом и секојдневниот живот на луѓето. Ние природно и често несвесно реагираме на она што нѐ опкружува. Затоа, многу е важно да се знае и прифати таа емоционална страна на уметноста и дизајнот, со цел создавање преубави и инспиративни искуства. 

Кои дела од вашиот музеј ќе бидат дел од колекцијата наменета за Samsung Art продавницата?

Прадо: Од самиот почеток внимателно ги избиравме уметничките дела и начинот на кој тие ќе бидат претставени. Оваа специјална колекција се протега низ повеќе векови и различни стилови – од легендарни ремек-дела до помалку познати, но подеднакво вредни дела. Некои од нив се Градината за уживање на Хиеронимус Бош, Поглед на градината на вилата Медичи на Веласкез, бројни пејзажи, мртва природа и портрети.

V&A: Пред сè би ги издвоила вонвременските дела по кои нашиот музеј е познат во светот, како делата на Вилијам Морис, Кацушика Хокусаи и Волтер Крејн. Исто така, тука се и некои нови и релативно непознати имиња од светот на дизајнот на кои дефинитивно треба да се обрне внимание, бидејќи ќе ги слушаме сѐ почесто во времињата кои доаѓаат.

Сподели!
- Advertisement -