Pela е компанија која ги произведува првите биоразградливи футроли за телефон во светот

- Advertisement -

Мобилните телефони ги користи целиот свет, а просечното користење нa еден смартфон е 1,5 до 2 години. Во текот на тој период пластичните футроли чија цел е да ги заштитат телефоните, кои се скапа инвестиција, многу често се менуваат и завршуваат на депонија, каде што може да стојат илјадници години пред да се распаднат.

На тој начин се создаваат огромни количини пластичен отпад. За да се намали тој отпад, Џереми Ланг ги креираше футролите за телефон Pela, кои се целосно биоразградливи и целосно се претопуваат во почвата откако ќе им заврши животниот век.

- Advertisement -

Овие 100% биоразградливи футроли на компанијата Pela се само мал дел од амбициозната цел на компанијата да се остранат 500 тони пластичен отпад со користење на обновливи извори на енергија и обновливи отпадни материјали за производство. Во случајот со футролите Pela, тие се направени од материјал кој е нуспроизвод од бербата на лен.

Pela нуди широк избор на шарени или безбојни футроли за телефон со различни дизајни. Некои од другите производи на компанијата се кутии за AirPods, течна заштита за екрани на телефони која не остава никаков отпад, очила и водич како да водиме попозитивен живот наречен „Pela’s Guide to Positivity“.

- Advertisement -

Неодамна Pela ја купи канадската компанија Habitat Botanicals, која прави сапуни, шампони, пасти за заби и дезедоранси за чие производство не се користи пластика и не се создава отпад. Pela поддржува и разни каузи за заштита на планетата и донира средства на непрофитни организации за чистење на океаните и бреговите.

(Inhabitat)

- Advertisement -

(фото: Pela)

Сподели!
- Advertisement -