Европската комисија ја пушти во употреба веб-страницата за следење во кои земји може да се патува за време на пандемијата

- Advertisement -

Европската комисија ја пушти во употреба веб-страница на која им се нудат на туристите информации каде можат да патуваат низ ЕУ. Поточно, во кои земји поради пандемијата се тешки околностите за преминување на границите, а во кои полесно се влегува.

Новата страница и апликација е наречена Re-open EU. Целта им е да им овозможат на туристите информации за дестинациите во кои сакаат да патуваат. Тие информации главно се однесуваат на податоците за барањата кои мора да ги исполнат за да влезат во европските земји, но и дали постои опасност повторно во нив да се воведат карантински мерки. Се ажурираат на секои 24 часа. Достапни се на 24 јазици.

- Advertisement -

Кога корисникот ќе ја избере посакуваната дестинација и ќе кликне на “go”, страницата ги наведува сите важни информации за неа.

(denar.mk)

- Advertisement -

(фото: PxHere)

Сподели!
- Advertisement -