Кина повторно ја затвора престолнината поради нови случаи на корона вирус

- Advertisement -

Локалните власти на Пекинг ги повикаа жителите да избегнуваат патување надвор од градот, додека на жителите на квартовите погодени од корона вирусот им е забрането да го напуштат градот.

„Секој што навистина мора да го напушти Пекинг ќе мора да има потврда дека нема корона вирус, а тестот не смее да биде постар од седум дена“ изјавија властите на Пекинг.

- Advertisement -

Властите повторно ќе ги затворат сите училишта и универзитетит откако повторно се појавија случаи на КОВИД-19 во главниот град, објави канцеларијата на градоначалникот на главниот град. Портпаролот на градот изјави претходно дека епидемиолошката ситуација во Пекинг е многу сериозна.

Пекинг против новиот корона вирус води трка со времето, изјави портпаролот и додаде дека градот мора да биде чекор пред епидемијата и дека преземаат најстроги мерки. Пекинг, кој има 21 милион жители, го зголеми дневниот скрининг на повеќе од 90.000 луѓе. Според последните дневни податоци, во Кина од корона вирусот се заразени 27 луѓе.

Сподели!
- Advertisement -