Шпанија инвестира 4 милијарди евра за да го оживее туризмот

- Advertisement -

Шпанската влада претстави план вреден над 4,2 милијарди евра за оживување на туризмот, кој е главниот столб на тамошната економија и беше уништен од пандемијата на корона вирусот. Дел од парите ќе бидат потрошени на промовирање на Шпанија како безбедна дестинација за домашните и странските туристи.

Шпанија повторно се отвора за туризмот. Ние сме светски лидери и затоа секој чекор што ќе го направиме мора да биде сигурен“, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез.

- Advertisement -

Овој план, заедно со кампањата за поттикнување на Шпанците да го поминат летото во својата земја, беше претставен три дена пред отворањето на границите на земјата со Европската унија и земјите од шенгенскиот простор. Отворањето на Шпанија за земјите надвор од ЕУ ќе следува постепено од 1 јули натаму со почитување на здравствените мерки.

Планот главно се заснова на заеми за кои гарантира државата, мораториуми и попусти на аеродромските такси за авиокомпаниите. Со тие пари ќе се финансира воспоставувањето на санитарни протоколи за да се избегне инфицирање со корона вирусот.

- Advertisement -

Туризмот е стратешки сектор за Шпанија која е втора светска дестинација (после Франција) со повеќе од 84 милиони туристи во 2019 година. Туризмот, кој изнесува 12% од националниот БДП, е еден од ретките сектори кој ја поддржуваше економијата во текот на претходната рецесија, но сега е тешко погоден од пандемијата која одзеде над 27.000 животи во Шпанија.

Проценките велат дека тој сектор може да изгуби до 83 милијарди евра. Шпанската влада наведе дека веќе одредила над 15 милијарди евра за туризам во форма на кредитни линии и помош за вработените.

- Advertisement -

Според шпанскиот премиер, повеќе од 1,1 милион вработени во туристичкиот сектор имал помош од државата за да се избегне масовно отпуштање. Тие мерки завршуваат на крајот на овој месец, но компаниите и сидникатитие бараат продолжување на мерките до декември.

(Beta, Bizlife)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -