Во кои земји луѓето поминуваат најмногу, а во кои најмалку време на социјалните медиуми?

- Advertisement -

Платформите за социјални медиуми се користат низ целиот свет. Жителите на земјите во развој поминуваат најмногу време на социјалните мрежи, веројатно поради помладата популација. Во Јапонија, на пример, која има многу постара популација, граѓаните поминуваат помалку од еден час на дигитално дружење.

Просечно, глобалните корисници на Интернет поминуваат 2 часа и 23 минути на страниците на социјалните медиуми секој ден, иако трендовите се различни во секоја земја. Во околу половина од земјите анализирани од Global Web Index социјалните медиуми се користеле помалку во првиот квартал од 2019 година во споредба со 2018 година.

- Advertisement -

Над 2,5 милијарди луѓе во светот користат социјални медиуми. Жителите на Филипините поминуваат најмногу време конектирани на социјалните мрежи, односно околу 4 часа дневно. Нигеријците поминуваат над 3,5 часа дневно на социјалните медиуми, додека Индијците и Кинезите поминуваат повеќе од 2 часа дневно.

Некои од најразвиените земји, пак, помалку користат социјални мрежи, главно поради стареењето на популацијата. Во текот на еден типичен ден во Јапонија луѓето поминуваат помалку од 1 час на дигитално дружење. Во Германија тоа време е малку повеќе од еден час секој ден, додека во Велика Британија и САД луѓето поминуваат околу 2 часа дневно на социјалните мрежи.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -