Овие две дестинации се најбезбедни за летување годинава

- Advertisement -

Неделава своите врати за меѓународните посетители ги отворија Португалија и Грција, затоа што во тие земји има многу ниска стапка на заразени со корона вирусот, а имаат и мерки за контролирање на вирусот. И двете земји имаат преубави плажи, храна, историја и изобилство на сончеви денови.

Овие две водечки туристички дестинации сега се продаваат како најбезбедни во Европа за да го намамат посетителите, кои им се потребни за да ја зајакнат економијата уништена од пандемијата на корона вирусот.

- Advertisement -

Премиерот на Португалија, Антониот Коста, верува дека неговата земја е актрактивна за туристите како и секогаш, но стартуваше нова кампања во која ја истакнува нејзината безбедност. Португалија има една од најниските стапки на смртни случаи од корона вирусот во Европа.

Ние сме меѓу државите кои тестираа најмногу луѓе. Една сме од земјите кои најдобро го познаваат ширењето на вирусот, каде што бројките се сигурни и луѓето можат да бидат сигурни кога доаѓаат“, вели Коста.

- Advertisement -

Истотo го вели и грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, кој вели дека главен приоритет на неговата земја е безбедноста затоа што неделава се отвораат сезонските хотели за посетители од цела Европа. „Не сум заинтересиран Грција да стане број 1 во Европа, доволно ми е да бидеме најбезбедна дестинација во Европа“, вели Мицотакис.

Португалија

Најголем дел од резервациите во Португалија се од Шпанија (20,7%), Обединетото Кралство (16,8%), Франција (14,7%) и Германија (9,4%), додека најголем дел од хотелите ќе работат со полн капацитет дури од септември. Слична е сликата и во Грција, каде што околу 90% од приходите од туризмот доаѓаат од меѓународни посетители.

- Advertisement -

Со значително помалку смртни случаи од корона вирусот во Португалија, летово Грција се смета за една од најбезбедните земји за одмор на Средоземното Море. Оваа земја има помалку од 200 смртни случаи од корона вирусот. Како и во Португалија, таму се воведени строги протоколи за заштита на здравјето и безбедноста. Од хотелите се бара работниците да одат на редовно тестирање на корона вирусот. Освен тоа, постојат и КОВИД-19 соби во кои ќе престојуваат сите кои ќе бидат позитивни на корона вирусот.

(Bizlife)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -